Search

Њујорк потврди позиција на водечки глобален финансиски центар

Њујорк ја задржа титулата водечки светски финансиски центар, зголемувајќи предност над второпласираниот Лондон благодарение на неизвесноста во врска со брегзит, со тоа што азиските финансиски центри се веднаш зад британскиот главен град, покажа студија објавена денеска.

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија в петок, при што се уште е неизвесно дали европските клиенти ќе се приближат кон финансискиот сектор на Велика Британија по крајот на периодот на транзиција во декември оваа година.

Неизвесноста  по брегзит е главната причина зошто Њујорк ја зголеми својата предност во однос на Лондон во студијата објавена денеска од консултантската фирма Даф и Фелпс.

За истражувачки потреби на The Global Regulatory Outlook, компанијата анкетираше 245 високи финансиски лидери од различни области, како банкарство, управување со имоти  и други финансиски компании од целиот свет.

Според објавените резултати, 56 отсто од испитаниците сметаат дека Њујорк е најважниот финансиски центар во светот, што претставува зголемување од 33 процентни поени повеќе отколку во претходните две години.

Само 33 проценти од испитаниците во моментов го гледаат Лондон како најголем светски финансиски центар, околу 20 процентни поени помалку отколку во претходните две години.

– Тешко е да се оттргне сомнежот дека причините за падот на Лондон се три неизвесни години по референдумот за брегзит, рече директорката на Даф и Фелпс, Моник Мелис.

Испитаниците кои го фаворизираат Лондон над Њујорк како причина го наведоа најсоодветниот регулаторен режим за финансиски услуги во светот.

Во следните пет години, и Њујорк и Лондон би можеле да ги загубат водечките позиции, со оглед на очекуваниот раст на нови финансиски центри како Хонг Конг, Сингапур и Шангај, покажа истражувањето.

Само 22 проценти од испитаниците предвидуваат дека Лондон ќе биде водечки финансиски центар за пет години. Малкумина сметаат дека Њујорк и Лондон би можеле да ги заменат Париз, Франкфурт или кој било друг европски град на водечките позиции.

Треба да знаете
Последни објави