Search

Њујорк на медицинските сестри им нуди примања од 100 долари на час

Покрај опремата, итно се потребни околу 3.000 медицински сестри во Њујорк, па поради тоа понудени им се три пати повеќе пари за договор од 13 недели.

Ним им е понудено да добиваат во овој период примања од 100 долари на час.

Њујорк е епицентарот на пандемијата во САД, каде досега се заразени 30.765 луѓе, а 672 починале.

Болниците одлучија да ги зголемат платите, така што најискусните ќе имаат три пати поголеми приходи додека работат со пациенти во просториите за итни случаи и одделенијата за интензивна нега.

Според шефот на агенцијата за вработување Мајкл Фазио, бројот од 3.000 медицински сестри и техничари ќе биде доволен за да се пополни капацитетот на четирите болници во Њујорк, како и Монт Синај и Белви,  и уште неколку во Њу Џерси.

„Разговарав со медицинските сестри на југот. Тие заработуваа 29 долари на час. Тие буквално ми велеа: ‘Човеку, треба да го направам ова за семејството’. 34-годишна сестра од Мајами ми кажа дека возела 24 часа за да стигне во Њу Џерси, каде што работи “, рече Фацио.

Треба да знаете
Последни објави