Search

Њукасл се избрука пред новиот газда од Саудиска Арабија и загуби од Тотенхем

Новите сопственици на Њукасл од Саудиска Арабија беа на трибините на „Сент Џејмс парк“, но и тоа не помогна клубот да ја прекине серијата неуспеси и да ја забележи првата победа.

Тотенхем со победа од 3:2 ги освои бодовите и го остави домаќинот без триумф во новата сезона, на претпоследното место со само три бода по 8 кола.

Мечот почна добро за Њукасл, а Калум Вилсон по само 120 секунди игра му донесе предност на домашниот тим.

Тотенхем во кус период од пет минути направи пресврт со головите на Ндомбеле и на Кејн, од 17. до 22. минута. Кејн го постигна првиот гол сезонава во Премиерлигата, а потоа се случи и застрашувачкиот момент во 39. минута, кога на навивач на Њукасл му се слоши на трибините.

Мечот беше прекинат околу половина час, а сепак за среќа навивачот во стабилна состојба е пренесен во болница.

Првото полувреме продолжи со уште еден гол на Тотенхем, го постигна Хјунг-Мин Сон за 3:1.

Во финишот на мечот Дајер си постигна автогол, Њукасл намали на 2:3, но не успеа да освои барем еден бод.

Треба да знаете
Последни објави