Search

Љупчо Николовски почна да се подготвува за опозиција, бидејќи народот има 1000 причини да гласа за Обновата

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Љупчо Николовски

 

„Љупчо Николовски како да е опозиција бара виновници за неуспесите во овие три години кај сите други, само не кај себе. Очигледно потсвесно се подготвува за поразот кој му престои.

Поразот е резултат на тоа што во овие три години МОЖЕШЕ но не ги реализира ветувањата кои ги даваше во 2016 година, за 500 километри нов автопат, двојно повисока плата за вработените во здравството, 100 илјади денари плата за лекарите, 16 илјади минимална плата и 30 илјади просечна плата, целосна гасификација на 32 општини, студентски градови во Скопје, Штип, Битола и Тетово, загарантиран откуп на земјоделските производи и интервентен фонд кој ќе ги помага земјоделците, нова клиничка болница во Штип и редица други лаги кои ги кажуваше.

Јасна е неговата нервоза и очај. Тој е свесен дека народот сега нема да поверува на истите препакувани и надградени лаги од 2016 година, туку поддршката ќе ја добие Обновата.

Народот во обновата препознава конкретна понуда за 20% повисоки пензии, 25% повисоки плати, невработеност под 10%, просечен годишен раст на БДП од најмалку 4%, нови патишта и инфраструктура, 0% персонален данок за младите, 4 милијарди домашни и странски инвестиции и 1000 други причини поради кои народот ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, Љупчо Николовски и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

Треба да знаете
Последни објави