Search

Љоренте го фрли Пеп на колена на Етихад: Тотенхем во полуфиналето на ЛШ

Фудбалерите на Тотенхем загубија со 4:3 во Манчестер, но поради трите постигнати гола на Етихад се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампиони. Во еден од најинтересните натпревари во историјата на ЛШ, Сити беше пред прагот на триумф, но ВАр-от пресуди дека петтиот гол за домачините Стерлинг го постигнл од офсајд.

Истиот фудбалер ги доведе „граѓаните“ во водство уште во четвртата минута, но Сон прво во седмата изадначи, а во десеттата му донесе водство на Тотенхем, кој по 1:0 пред една недела во Лондон сега имаше сигурен резултат за пласман во полуфиналето. Сепк, само една минута подоцна Силва изедначи на 2:2, а Стерлинг десетина минути подоцна со својот втор гол погоди за 3:2, но и тој резултат му одговараше на Тотенхем. На полувремето се замина со тој езултат, но пред паузата во игра влезе ветеранот Фернандо Љоренте, кој го замени повредениот Сисоко.

Серхио Агуеро во 59. минута погоди за 4:2, а само неколку минути подоцна Љоренте со колкот ја смести топката во мрежа за 4:3, иако домаќините бараа игра со рака. Вистинска лудница се слули во судското продолжение кога Стерлинг погоди за 5:3, но по консултација со Вар собаата судијата Чакир го поништи голот.

Во полуфиналето Тотенхем ќе игра против Ајакс.

Треба да знаете
Последни објави