Search

„Јутјуб“ овозможува бесплатно гледање на холивудски блокбастери

„Јутјуб“ овозможува бесплатно гледање на холивудски блокбастери

Платформата „Јутјуб“ неодамна почна да објавува познати холивудски филмови, кои корисниците можат да ги гледаат бесплатно.

Иако изборот на филмови, за време на кои се емитуваат и реклами, не е голем, меѓу нив може да се најдат холивудски класици како „Роки“ и „Терминатор“, но и познати комедии како „Лагално русокоса“.

Корисниците на најголемата интернет платформа за дистрибуција на видео содржини, досега имаа можност да купат или да изнајмат филмови во дигитален формат преку Google Play Movies & TV, а филмовите набавени на овој начин се прикажуваа на јутјуб каналот на корисникот, доколку при нарачката пристапувал од ист кориснички налог.

Гладачите сепак бесплатно нема да може да ги следат најновите холивудски филмови, туку само постари познати хитови.

Новата услуга е достапна од крајот на октомври, засега само за корисниците во САД. Се очекува дека наскоро ќе се прошири и на други земји во светот.

Треба да знаете
Последни објави