Search

Јункер стравува од влијанието на екстремната десница во ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека е загрижен оти екстремните политички сили, особено екстремната десница, би можеле да добијат поголемо влијание и да ги поткопаат европските институции по изборите за Европскиот парламент.

„Ако екстремната левица и десница имаат премногу влијание во Европскиот парламент, тогаш сите дискусии можеби нема да бидат доминирани, но ќе бидат под нивно силно влијание“, рече Јункер во интервју за австрискиот весник „Стандард“.

Според него, следната Европска комисија ќе биде ослабена ако зависи од гласовите на екстремната десница и на екстремната левица.

Јункер рече дека главна опасност претставува екстремната десница додавајќи дека сликата за Европа ќе биде полоша ако традиционалните европски партии мораат да прават компромис со неа.

Треба да знаете
Последни објави