Search

Јункер се појави со фластер на лицето: Не ја обвинувајте Меј, оваа повреда не е од неа

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска на прес-конференција во Брисел сe појави со фластер на неговото лице, а како што рече пред новинарите, се исекол утрово додека се бричел.

На прес-конференцијата што се одржа по состанокот со словенечкиот претседател Борут Пахор, а во пресрет на состанокот со британската премиерка Тереза Меј, Јункер се пошегува дека е важно да се објасни зошто носи фластер за јавноста да не помисли дека повредата му ја нанела британската премиерка.

Веднаш по состанокот со Пахор, Јункер во својот кабинет ја прими Меј, објави агенцијата „Хина“.

Портпаролот на британската премиерка претходно денеска објави дека Меј ќе има детални разговори со претседателот на Европската комисија.

Таа од ЕУ бара дополнителни отстапки во врска со нејзиниот договор за брегзит со надеж дека така ќе добие поддршка од длабоко поделениот британски парламент.

Треба да знаете
Последни објави