Search

Јункер за Курц и шницлите: За мене тоа е свесна шизофренија

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го критикуваше австрискиот канцелар Себастијан Курц, поради неговата изјава за претерана бироктратизација на Комисијата.

„Сметам дека тие тврдења против ЕУ не се нималку на место“ порача Јункер во интервју за виенскиот дневник „Стандард“.

Урц пред неколку дена рече дека би требало да се избришат 1.000 правила на Брисел, како што се уредбите за тоа како треба да изгледа помфритот, шницлите и слично, бидејќи тоа е претерано наметнување беспотребни работи на националите држави.

Јункер нагласи дека ЕК од 2014 година јасно ја намалила администрацијата и дека бројот на предлог уредбите е намален за 75 отсто.

„Австрискиот канцелар кого го сметав за уверлив Европеец, се приклучува на темите кои не го доведуваат во прашање европското делување но масовно го критикуваат. Тоа целосно ме изненади. Не сметам дека тој, кој се залага за Европа, сега се приклучил на хорот на противничките гласови“ истакна Јункер.

Претседателот на ЕК го предупреди Курц дека не треба да биде „Европеец на половина работно време“. Вели дека не разбира зошто Курц ја критикува уредбата со која треба да се заштитат граѓаните од опасни супстанци кај печените шницли.

„Не го разбирам тоа, зошто Австрија ја поддржа таа уредба. За мене тоа е случај на свесна шизофренија“ вели Јункер. Тој смета дека зад тие изјави стои намерата за ангажирање за Европа само ако тоа служи на националните интереси.

Треба да знаете
Последни објави