Search

Јунајтед ќе купува дефанзивци

Јунајтед се надева дека ќе го привлече левиот бек на Порто, Алекс Телеш. „Црвените ѓаволи” ќе се обидат да го направат трансферот до крајот на неделава.

Дваесет и седум годишниот дефанзивец има клаузула во договорот вредна 40 милиони евра. Англискиот гигант е подготвен да даде 25 милиони, надевајќи се дека Португалецот ќе се согласи, бидејќи Телеш има договор со клубот за уште една година.

Според „Manchester Evening News”, раководството на Јунајтед бара засилување на одбраната по поразот од Кристал Палас во саботата. Тогаш тимот загуби со 1:3 на „Олд Трафорд”, а перформансите на одбраната беа доста слаби.

Клубот разговара и за можно привлекување на централен дефанзивец пред затворањето на трансфер пазарот на 5 октомври.

Треба да знаете
Последни објави