Search

Јунајтед се спаси во првото полувреме, па потоа му даде три гола на Брентфорд

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Брентфорд со 1-3 во заостанатиот натпревар од 17. коло во англиската Премиер-лига. Во првото полувреме домаќините беа далеку подобар противник од фаворитот, но неверојатниот Давид де Хеа успеа да ја сочува својата мрежа.

Откако не ги искористија шансите во вториот дел следеше казна.

Во вториот дел „ѓаволите“ заиграа нешто подобро и успеаја да постигнат три погодоци во мрежата на Јонас Лос.

Резултатската серија ја отвори младиот Еланга, за потоа голови да постигнат Мејсон Гринвуд и Маркус Рашфорд.

Почесниот погодок за домашниот тим го постигна Иван Тони кој го искористи карамболот во одбраната на Јунајтед и ја затресе мрежата на Де Хеа.

Треба да знаете
Последни објави