Search

Јунајтед и Челзи без голови на „Олд Трафорд“

Големото дерби во рамки од 6. коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи донесе поделба на бодовите и ниту еден погодок на „Олд Трафорд“ (0-0).

Претпазливата игра на двете страни спречи уживање на фановите зачинето со голови. Дождот дополнително ја отежна работата на актерите на теренот, но тоа не беше главна причина поради која мечот заврши со почетниот резултат.

Маркус Рашфорд отскокна од групата во првиот дел. Најпрво промаши една изгледна шанса, а потоа падна и бараше најстрога казна. Главниот судија доби сугестија дека тоа не е случајот, па одмавна со рака и остави топката да продолжи.

Дефанзивните интервенции изобилуваа и во продолжението. Резултатот не се менуваше, а немаше ниту зрели шанси кои сигурно ќе го направеа натпреварот поинтересен. Шанса за деби имаше Единсон Кавани кој веднаш се наметна и се закани кон голот на „сините“. По еден центаршут Уругваецот искусно постави нога, но топката заврши покрај стативата.

„Црвените ѓаволи“ беа поактивни во финишот и имаа контрола над натпреварот. Германците Хаверц и Вернер завршија на клупата на спротивната страна, а новите играчи не донесоа потребна свежина за да се променат бројките на семафорот. Последна шанса беше онаа на Рашфорд, но Менди покажа дека е одлично засилување за лондонскиот клуб и спаси во последен момент.

лавина реакции пристигнуваат за момент во кој судијата не покажа пенал, а се работи за прекршок на дефанзивецот на Јунајтед Мегваер врз Сесар Аспиликуета. Мегваер буквално го задави ривалот за да го спречи во намерата да го загрози голот.

Челзи смета дека е оштетен во оваа ситуација која не беше проверена со ВАР.

Треба да знаете
Последни објави