Search

Јунајтед го победи Челзи на „Стемфорд Бриџ“, ВАР поништи два гола на домаќинот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед по вторпат сезоната славеа над Челси во Премиер лигата. На почетокот на сезоната „црвените ѓаволи“ победија на „Олд Трафорд“ со 4-0, а пак вечерва издвоија триумф од 2-0 на „Стемфорд Бриџ“ и дојдоа на минус три бода во однос на „сините“ кои го држат последното четврто место кое води во Лигата на шампионите.

Вечерашната средба во Лондон донесе многу возбудувања, дискутабилни одлуки на арбитрите за да на крајот се заврши со славје на Јунајтед со два удари со глава на Марсијал во 45 и Мегваер во 66 минута. Мора да се напомене дека „сините“ двапати ја тресеа мрежата на Де Хеа, но по консултација со ВАР истите беа понишетни, а вреди да се спомени и ситуацијата од првиот дел кога Мегваер без топка го закачи Батшуаји, ама арбитрите проценија дека нема елементи за директен црвен картон.

Треба да знаете
Последни објави