Search

Јунајтед го елиминираше Челси од ФА Купот: Навивачите скандираа против Сари

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа триумфираа на гостувањето кај Челси со 2:0 и ја елиминираа екипата на Маурицио Сари од ФА Купот.

После најновиот пораз на Челси, на трибините на „Стемфорд Бриџ“ можеа да се слушнат исвиркувања и пцовки на сметка на тренерот на екипата, Маурицио Сари. Навивачите очигледно се противат на неговиот стил на фудбал, па многумина скандираа “Fu*k SariBall”.

„Ме загрижуваат резултатите, а не навивачите. Можам да ја разберам ситуацијата, затоа што резултатот не беше добар. Елиминирани сме од ФА Купот, така да можам да разберам“, изјави Сари и додаде:

„Не можев да слушнам најдобро, но нешто слушнав. Не, тие не ми скандираа такви работи претходно. За се постои прв пат“, изјави Сари.

Треба да знаете
Последни објави