Search

Јунајтед без Солскјер тргна со победа кај Вилјареал и обезбеди нокаут фаза од ЛШ

На Манчестер јунајтед не му оди најдобро во англиското првенство, но сепак кога се работи за мечевите од Лигата на шампионите, тука е јасно дека Кристијано Роналдо е феноменален.

Токму Роналдо ги предводеше Црвените ѓаволи до победа на гостувањето кај Вилјареал, со која англискиот гигант си обезбеди место во нокаут фазата од Лигата на шампиони.

Беше 0:0 до 77 минута, кога Роналдо со еден магичен потег го лобуваше домашниот голман и ја најави победата на Манчестер.

До крајот на средбата, односно во 90 минута, одличен гол даде и Санчо за конечни 2:0 за Манчестер и пласман во нокаут фазата. За гигантот од „Олд Трафорд“ ова е 19-ти пат да ја поминат групната фаза, што е рекорд за еден англиски клуб.

На дуелот во Шпанија на клупата на „црвените ѓаволи“ дебитираше Мајкл Керик кој е привремено решение после заминувањето на Оле Гунар Солскјер.
Под голем притисок беа играчите на Јунајтед после серијата лоши резултати во Премиер лигата, но предводени од Керик остварија триумф во Виљареал и се пласираа во осминафиналето на ЛШ.

Делуваше дека Англичаните на ова гостување дојдоа по бод, но ја консолидираа одбраната која во првите четири меча прими дури седум голови.

Треба да знаете
Последни објави