Search

Јунајдет Груп го презеде бугарски Виваком

Јунајтед Груп (United Group, UG) денеска соопшти дека го завршила процесот за купување на компанијата Виваком, бугарски телекомуникациски оператор.

Европската комисија претходно во април ја одобри аквизицијата, додека договорот за преземање беше потпишан во ноември 2019 година, откако „Јунајтед Груп” победи на тендер за купување на на оваа бугарска телекомуникациска компанија, се вели во соопштението на УГ.

Преземањето на Виваком, како што се додава, е последниот потег во рамките на стратегијата за раст на Јунајтед Груп, по купувањето на ТЕЛЕ2 во Хрватска на почетокот на 2020 година и постигнување договор за купување на грчкиот телекомуникациски оператор Фортнет, кој ќе се реализира наскоро.

Треба да знаете
Последни објави