Search

Јулија Тимошенко најави претседателска кандидатура

Некогашната украинска премиерка Јулија Тимошенко изјави дека ќе се кандидира на претседателските избори во земјата. Според анкетите, 57-годишната Тимошенко, која беше премиерка од 2007 до 2010 година, важи за фаворит на украинските претседателски избори што ќе се одржат на 31 март.

Таа помина две и пол години во затвор поради потпишувањето на гасниот договор со Русија, но таа пресуда многумина ја сметаат како напад од страна на нејзиниот политички ривал, тогашен претседател Виктор Јанукович.

Тимошенко ги загуби изборите од Јанукович во 2010 година, а од сегашниот претседател, Петро Порошенко, во 2014 година. Порошенко уште формално не ја објавил својата кандидатура.

Говорејќи на конгресот на својата партија во Киев, Тимошенко вети дека ќе ја врати контролата над Крим и бунтовничките области на истокот од земјата.

Треба да знаете
Последни објави