Search

Јужнокорејската влада ги повика синдикатите да ги откажат протестите поради коронавирусот

Јужнокорејските власти ги повикаа синдикатите да ги откажат денешните протести додека земјата се бори против третиот бран на епидемијата и предупредија дека секое кршење на мерките за дистанцирање ќе биде казнето.

Корејската конфедерација на синдикати објави дека 200.000 нејзини членови ќе започнат штрајк, но дека протестите ќе бидат ограничени на девет лица во Сеул, каде се забранети јавни собири на десет или повеќе лица, пренесува Ројтерс.

Десетици членови на синдикатот се приклучија на митинзи на други места, кои не беа предмет на строги услови за социјално растојание, вклучувајќи го и оној во југоисточниот град Чангвон, на кој учествуваа околу 30 лица.

„ Сè уште има висок ризик од инфекција за време на протестите и движењата пред и по протестите“, рече портпаролот на Министерството за здравство, Сон Јанг-ра.

„Важно е да се обезбеди слобода на собирање, но следењето на правилата за заштита на животот на луѓето треба да биде на прво место во сегашната ситуација кога коронавирусот брзо се шири“, предупреди тој.

Треба да знаете
Последни објави