Search

Јужна Кореја: Фрустриран од доцнењето на платата го запалил станот, па ги убил соседите кои бегале во паника

Јужнокорејската полиција уапси 42-годишен маж откако тој го запалил својот стан, а потоа со нож усмртил пет лица кои се обиделе да избегаат од пожарот, јави локалната полиција.

Меѓу убиените е и 12-годишно девојче, додека 13 лица се повредени.

Мажот го запалил станот пред зори во градот Џинџу, југоисточно од Сеул, а потоа ги нападнал другите станари на зградата, кои бегале по скалите, изјавил за „Ројтерс“ полицаец од градот.

Тој додадл дека напаѓачот го сторил злосторот од фрустрација поради платата која му доцнела.

Пожарникарите успеале со брза интервенција да го изгаснат огнот.

Треба да знаете
Последни објави