Search

Јужна Кореја тврди дека Северна Кореја истрелала артилериски проектили близу границата

Јужнокорејската армија соопшти денеска дека Северна Кореја истрелала околу 130 гранати во водите близу нејзината западна и источна морска граница.
Според соопштението од јужнокорејската армија, тоа е последната воена акција поради која се влошија односите меѓу Јужна и Северна Кореја. Началникот на штабовите на Јужна Кореја соопшти дека проектили паднале на северната страна на тампон зоните создадени со меѓукорејскито договор од 2018 година за намалување на воените тензии.
Нема непосредни извештаи дека паднала граната во јужнокорејските територијални води. Не е јасно ни кога се случил инцидентот.
Јужнокорејската армија соопшти дека испратила усмено предупредување до Северна Кореја поради пукотници и ја повикала да се придржува до договорот.
Треба да знаете
Последни објави