Search

Јужна Кореја ги пријави првите пет пациенти заразени со Омикрон

Јужна Кореја денеска ги пријави првите пет лица заразени со новата варијанта на коронавирусот-Омикрон, кој бил регистриран кај луѓе поврзани со пристигнувања од Нигерија.

Заразени се брачен пар кој пристигнал од Нигерија на 24 ноември, пријател кој дошол да ги земе на аеродромот и две жени кои отпатувале во Нигерија и се вратиле во Јужна Кореја на 23 ноември.

Јужнокорејските власти размислуваат да воведат дополнителни гранични контроли откако од неделата им забранија влез на странските патници од Јужна Африка и седум други јужноафрикански земји, со цел да се заштитат од Омикрон, кој се пренесува побрзо од другите видови на коронавирусот.

Граѓаните на Јужна Кореја кои доаѓаат од тие африкански земји ќе бидат во карантин најмалку десет дена, без разлика дали се вакцинирани или не.

Јужна Кореја денеска пријави 5.123 новозаразени со коронавирусот, од кои повеќето се регистрирани во Сеул и околните области, каде што се пополнети повеќе од 80 отсто од капацитетите на ковид-одделенијата за интензивна.

Повеќе од 720 пациенти заразени со коронавирусот се во тешка или критична состојба, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи од последиците на инфекцијата во еден ден се движи меѓу 30 и 50 во последните недели.

Треба да знаете
Последни објави