Search

Јужна Калифорнија зафатена од снежни вернежи, снег и пожар на некои места

Западниот брег на САД од вчера, Денот на благодарноста, е зафатен со невообичаено моќна зимска бура, и поради се уште активните жаришта од неодамнешните пожари, на некои места сега има снег и оган.

Големи снежни врнежи има и во јужниот дел на Калифорнија, што е невообичаено за овој дел од сојузната држава.

Автопатот север-југ поради вонредните временски услови вчера во двата правци беше затворен за сообраќај, а беше отворен подоцна во текот на денот.

Некои места каде се уште има оган од неодамнешните пожари сега се покриени со снег, па има и мраз и оган на иста локација, јавија од пожарната служба на Санта Барбара.

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекуваат големи снежни врнежи на планините пред невремето да се придвижи кон исток подоцна вечерва.

Се истакнува дека невремето би можело да донесе големи врнежи од дожд и поплави во јужна Калифорнија и Аризона.

Треба да знаете
Последни објави