Search

Југo на списокот со најлоши имиња на бебиња во Велика Британија за 2019 година

Порталот „Parents“ состави список со најлоши имиња за момчиња и девојчиња и изрази надеж дека тие нема да се најде на списокот со најпопуларни имиња следната година, за доброто на општеството и самото дете.

На неславниот список со имиња на момчиња покрај Аксис, Менсон (кое секогаш се поврзува со бруталниот сериски убиец) или Клитус (кој секогаш асоцира на ликот од Симпсонови) се најде и името Југо.

Сајтот објаснува дека името Југо е создадено според легендарниот лош автомобил направен од откачен производител.

„Дали сакате вашето сакано бебе да се вика така?“ ги прашува порталот потенцијалните родители.

Другите машки имиња на оваа листа се Кралот месија, Данџер (опасност) и Пинчиз.

Што се однесува до имињата на девојчињата, во списокот нема ниедно што асоцира на стара Југославија, но и тие се доволно бизарни.

На списокот со најлоши женски имиња се најдоа Шеј (срамежлив), Мател (по примерот на производителот на Барби играчки), Вегас и многу други.

Треба да знаете
Последни објави