Search

Југословенскиот дрим-тим го однесе Дуда до вечното почивалиште

Легендарниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ беше погребан денеска во семејната гробница на Новите гробишта во Белград. Трофејниот тренер почина во четвртокот на 78 -годишна возраст поради проблеми со водата во белите дробови и херпес.

Освен членовите на семејството и неговите најблиски, на последното збогување присуствуваа бројни луѓе од светот на кошарката и спортот, меѓу кои тренерот на Партизан и кумот на Ивковиќ, Жељко Обрадовиќ, претседателот на КСС, Предаг Даниловиќ, тренерот на Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ, Дино Раѓа, Владе Дивац, Василис Спанулис, првиот човек на ЦС Црна Гора Никола Пековиќ, тренерот на ЦСКА Москва Димитрис Итудис, Дејан Томашевиќ, Жарко Паспаљ, Теодорас Папалукас …

Обрадовиќ, Дивац, Раџа, Даниловиќ, Паспаљ и Здовц, членовите на југословенската репрезентација кои не дочекаа заедно да го носат дресот на југословенската репрезентација на Олимписките игри во Барселона во 1992 година, го однесоа ковчегот со телото Ивковиќ до гробот каде ќе почива славниот тренер.

Шестмината беа дел од тимот кој под водство на Дуда, во 1991 година го освоија последното злато за СФРЈ на големите натпреварувања, доминантно триумфирајќи на Европското првенство во Рим.

Треба да знаете
Последни објави