Search

Југославија должела 15 милијарди, сега републиките должат 145 милијарди долари

Југославија во 1990 година била должна само 15 миијарди долари. Релативно нискиот долг се должел на редовното сервисирање на ратите кои достасувале, но и контролираното задолжувањ кон светските банки. За разлика од тогаш сегашните бивши нејзини републики должат десет пати повеќе или цели 145 милијарди долари. Со распадот наместо да сенамалуваат долговите, тие енормно се зголемиле. 

Малкумина од нас го помнат животот во Бивша Југославија. Постарите кои биле дел од тогашниот систем со носталгија зборуваат за убавиот и релаксиран живот во кој се работело од 6 до 14 часот, за викендите поминати со семејството и за платите со кои убаво се живеело. Од сегашен аспект анализите на економистите потврдуваат дека и покрај релаксирачкиот живот, надворешнниот долг на Бивша Југославија бил многу низок. Цела Југославија пред распадот должела само 14,7 милијарди долари.

Податоците од Народна банка на Југославија велат дека на крајот на 1987 година надворешниот долг на Југославија бил 21,3 милијарди. Ако од тој износ се одземат побарувањата од земјите во развој од 3,8 милијарди, пречистените клириншки побарувања и долгови, југословнскиот нето долг во тој период бил 17,5 милијарди.

Во очи на сецесијата на поединечните бивши југословенски републики и дезинтеграцијата на СФРЈ, надворешниот долг во кој се пресметани главницата и каматите кон доверителите во однос на конвертибилната валута на тоа подрачје изнесувала на крајот на 1990 година помалку од 15 милиони долари- стои во официјалните докумети. Во тој период назјадолжена била Србија со 4,8 милијарди, па Хрватска со 2,7 милијарди. Следува Словенија, па Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Долгот бил најмал кон меѓународните финансиски институции. Кон нив Југославија должела само 3 милијарди долари. Кон комерцијалните банки Бивша Југославија должела 4,4 милијарди, а најголем долг имала кон владите на западните држави- цели 6,5 милијарди.

Државите кои настанаа после расадот на Југославија сега должат 145 милијарди долари или десет пати повеќе. Најзадолжена од нив е Хрватска .Само Хрватска, Србија и Словенија имаат поединечен долг поголем од колку цела тогашна Југославија.

Со распадот на Југославија сите републики кои беа во нејзиниот состав ја изгубија економската база, големиот пазар каде извезуваа и кадровскиот потенцијал кој беше заенички додека се живееше заедно во СФРЈ. Војната пак во деведесетите години на многумина им го уништи земјоделството и ја уништи економската моќ. Како резултат на тоа дојде до неконтролиран раст на увозот, јавната потрошувачка, надворешниот дефицит, а од друга страна немаше раст на производство и продуктивност- велат економистите. 

Ако по критериумите на меѓународните финансиски институции високо задолжена земја е таа кај која односот на надворешниот долг и БДП поминува над 80 отсто, тогаш Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија се високо задолжени земји.

Најзадолжена земја која излезе од СФРЈ е Хрватска чиј надворешен долг последните неколку години достигна 49 милијарди евра. Следна е Словенија со 45 милијарди, а Србија има речиси двојно помал долг од 27 милијарди. Македонија должи 6 милијарди и е во групата на ниско задолжени земји, а Босна и Херцеговина само 5. Најмалку должи Црна Гора само 2 милијарди.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави