Search

Јуве трие раце: Само бод за Интер против Калјари

– Нов кикс на фудбалерите на Интер во Серија А што оди во прилог на Јувентус. По минатонеделниот кикс (1:1) против Лече, „нероазурите” попладнево одиграа 1:1 и против Калјари во меч од 21. коло во италијанскиот шампионат.
Лаутаро Мартинез во 29. минута обезбеди водство за тимот на Антонио Конте, што го поништи Раџа Најнголан во 78. минута.
Интер е втор на табелата со 48 бода, четири помалку од Јувеннтус кој вечерва во една од двете дерби средби на 21 рунда ќе гостува кај Наполи. Од 18 часот, пак, на „Олимпико” во Рим ќе играат Рома и Лацио.
Треба да знаете
Последни објави