Search

Јувентус сè уште му нема понудено нов договор на Дибала

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Пауло Дибала сè уште не добил понуда од клубот за продолжување на договорот, објави „Калчо Меркато”.

Актуелниот договор со 26-годишниот Аргентинец се пресметува до јули 2022 година, но самиот напаѓач повеќе пати навести дека не би имал ништо против да го смени тимот.

Претходно во медиумите имаше информација дека Дибала сака да се пресели во Англија.

Оваа сезона во Серија А, Аргентинецот сè уште не влегол на теренот.

Треба да знаете
Последни објави