Search

Јувентус со ВАР пенал се спаси од пораз на „Сан Сиро“ во 91. минута

Фудбалерите на Милан го одиграа можеби најдобриот натпревар сезонава, но на крајот не успеаја да се израдуваат на победа против Јувентус (1-1) во рамки на првиот полуфинален меч во Купот на Италија.

Големото дерби  се играше пред полни трибини на „Сан Сиро“ и рекорд од преку 70.000 гледачи на еден Куп-натпревар.

„Росонерите“ создадоа многу повеќе шанси за погодок, но недостасуваше реализацијата, а тоа успеа да го казни „Старата дама“ со гол во 91. минута и воедно оствари добар резултат во Милано пред реванш дуелот кој ќе се одигра на 4. март во Торино.

Милан поведе со голот на Анте Ребиќ во 61. минута, со што Хрватот потврди дека се наоѓа во одлична форма, постигнувајќи пет погодоци на последните шест натпревари. Но, навивачите на „Сан Сиро“ се шокираа во 91. минута со погодокот на Кристијано Роналдо од пенал.

Инаку, последните 20 минути од мечот Милан ги одигра со играч помалку, откако исклучен беше Тео Ернандес.

Вчера во првиот полуфинален натпревар Наполи славеше ви Милано против Интер со 0:1.

 

Треба да знаете
Последни објави