Search

Јувентус се израдува на победа по еден месец

Јувентус се радува на победа во италијаската фудбалска Серија А по пауза од еден месец, откако вечерва избраниците на Масимилијан Алегри убедливо со 3:0 ја совладаа Болоња во Торино. „Старата дама“ им се врати на победите, со головите на Костиќ, Влаховиќ и Милик.

Костиќ во 24. минута го постигна својот деби гол во Серија А за водство од 1:0, а по еден час игра, Влаховиќ со глава ја затресе мрежата на гостите за 2:0. Само две минути подоцна, Милик ги постави конечните 3:0.

Треба да знаете
Последни објави