Search

Јувентус не може да го избрка Алегри оти ќе треба да му плати двоцифрена милионска отштета

Иако сите очекуваа дека по срамниот пораз од Монца (0:1) и катастрофалниот старт на сезоната во италијанската фудбалска калчолигашка конкуренција Јувентус ќе му се заблагодари на некогаш трофејниот стратег Масимилијано Алегри, смена на кормилото нема да има најмалку до Светското првенство кое стартува на 20 ноември.

Според италијанските медиуми Јувентус воопшто не размислува за отказ за Алегри од едноставна причина што таков потег прескапо ќе ја чини „старата дама“, а немаат во моментов слободен стартег што би бил предобра опција за негов наследник.

Јувентус со Алегри има четиригодишен договор со плата од девет милиони евра. Што значи дека предвремен отказ би ги донело во ситуација дека ќе мора да му исплатат двоцифрена милионска отштета на актуелниот кормилар, а тоа е премногу за касата за „старата дама“.

Инаку веднаш после поразот од Монца, извршниот директор Маурисио Аривабене посочи дека Алегри ќе остане тренер зашто во прашање е четиригодишен проект и дека „апсолутно лудило“ би била негова смена во моментов, без оглед на лошите резултати, пред сѐ и во ЛШ, со два порази во воведните две кола.

Јуве има само две победи досега и нема победено од 31 август.

Треба да знаете
Последни објави