Search

Јувентус за Влаховиќ на Фиорентина ѝ нуди 35 милиони евра и Кулушевски

Фиорентина вчера потврди дека има намера да го продаде Душан Влаховиќ во јануари.

Влаховиќ со одличните игри во дресот на Фиорентина го привлече вниманието на многу европски клубови, а во последно време српскиот напаѓач најмногу се поврзува со Арсенал.

Директорот на Фиорентина, Џо Бароне, вчера потврди дека италијанскиот клуб сака да го продаде Влаховиќ во јануари бидејќи се свесни дека можат да заработат огромни пари за него. Фиорентина за Влаховиќ постави цена од 70 милиони евра, но се чини дека тој нема да замине во Арсенал.

Влаховиќ одби да го продолжи договорот со Фиорентина, кој истекува во летото 2023 година, а клубот очигледно е свесен дека сега треба да ја искористи неговата фантастична форма за да заработи што повеќе пари.

Медиумите на Апенините пред неколку дена објавија дека желбата на Влаховиќ е трансфер во Јувентус, а тој ја одбил можноста да замине во Арсенал.

Ла газета дело спорт утринава објави дека Старата дама е многу „загреана“ за Влаховиќ, кој е еден од најдобрите играчи во Серија А оваа сезона. Наводно, Јувентус веќе ја испратил првата понуда за Влаховиќ и сега чекаат одговор од Фиренца.

Старата дама не сака да ги плати сите 70 милиони за Влаховиќ, а на Фиорентина и понудија опција во договорот да го вклучи и Дејан Кулушевски. Така, покрај Кулушевски, овој клуб би платил уште 35 милиони евра, а Јувентус се надева дека Фиорентина ќе ја прифати оваа понуда.

Треба да знаете
Последни објави