Search

Јувентус загуби од Каљари, Сари се пожали деја се единствен тим во Европа со пет натпревари за 12 дена

Тренерот на старо-новиот италјански фудбалски првак Јувентус, Маурицио Сари, причината за синоќешниот пораз од Каљари (0:2) ја гледа во измореноста на тимот и густиот распоред.

– Проблемот е во тоа што ние сме единствениот тим во Европа што играме пет натпревари за 12 дена. Ајде да погледнеме во каква состојба се играчите утре и да одлучиме дали ќе истрчаме со У23 тимот на дуелот со Рома в сабота. На целиот прв тим му треба одмор, истакна Сари.

Во однос на мотивацијата и посветеноста за дуелот со Каљари, Сари рече дека не може да споредува со другите игри во сезоната.

– Имавме и добри моменти, но не бевме така брзи за да го загрозиме противникот. Имаме девет играчи со повреди, па има одредени сомнежи пред натпреварот против Лион во ЛШ. Ајде да видиме кој ќе се врати во акција, додаде Сари.

Јувентус од поодамна ја обезбеди шампионската титула во Италија, а сега му претстои реваншот со Лион во Лигата на шампионите. Овој меч е закажан за 7 август. Во Франција Лион победи со 1:0. 

Треба да знаете
Последни објави