Search

Јувентус загуби два бода против Сасуоло

Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус на домашен терен и одигра само 2:2 против Сасуоло, во првиот денешен меч од Серија А.

Бонучи во првото и Кристијано Роналдо во второто полувреме погодија за Јувентус, а мрежата на Буфон ја затресоа Бога и Капуто. Во финишот, првакот со сите сили се обидуваше да постогне и трети гол, но не успеа.

Киксот на „старата дама” со задоволство е примен во редовите на Интер. Сега тимот од Милано ако успее да победи против СПАЛ, ќе го преземе врвот на табелата, со еден бод повеќе од Јуве. Но треба прво да се победи, грешката на Јувентус треба да биде поука за „нераѕурите”.

Треба да знаете
Последни објави