Search

Јувентус го претстави Данило

Јувентус официјално го промовираше бразилскиот репрезентативец Данило, кој минатата недела беше привлечен во Манчестер Сити. Жоао Кансело замина во спротивна насока.

Дваесет и осум-годишниот Данило смета дека ова е вистинското време тој да му се придружи на италијанскиот шампион.

– Моите први впечатоци се многу добри. Бев многу топло примен и се чувствувам одлично за време на првите неколку дена овде. Имав разговори со Јувентус во минатото, но сега беше вистинското време да дојдам тука. Во Торино ги има сите услови да бидам многу среќен. За мене, атмосферата е важна не само на, туку и надвор од теренот, а во Сари видов одличен став кон тимот, рече Данило.

Треба да знаете
Последни објави