Search

Јувентус во преговори со Фулам за Александар Митровиќ

Ако не успеат да се договорат со Фиорентина за Душан Влаховиќ, челнците на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го донесат неговиот соиграч од репрезентацијата, Александар Митровиќ.

Јувентус, мора да се засилат, доколку сакаат да се вмешаат во борбата за врвот во Серија А. Не е тајна дека Влаховиќ е нивна примарна цел, но преговорите со Фиорентина не ветуваат дека трансферот ќе биде реализиран.

Јувентус за напаѓачот нуди 50 милиони евра, Фиорентина нема намера да се откаже од него за помалку од 70 милиони евра.

„Тутоспорт“ пишува дека, по натпреварот со Челси во Лигата на шампионите, директорот на Јувентус, Федерико Черубини, останал во Лондон каде ги започнал преговорите со Фулам околу трансферот на Митровиќ.

Не е познато коло „старата дама“ нуди за најдобриот стрелец на Фулам. Според „Трансфермаркт“, Митровиќ вреди 18 милиони евра. Митровиќ игра во неверојатна форма од почетокот на сезоната. Во Чемпионшип на 18 натпревари има постигнато 21 гол.

Пред две недели, постигна гол во 90.минута против Португалија и ја однесе Србија на Мундијалот во Катар.

За да направи простор и да собере пари за зимскиот преоден рок, Черубини на продажба ќе ги стави Арон Рамзи и Дејан Кулушевски.

Треба да знаете
Последни објави