Search

ЈСП распиша тендер за набавка на 35 еко-автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје распиша меѓународен тендер за набавка на нископодни CNG автобуси. Тендерот е објавен на страницата е-набавки на клиентите на Европската банка за обнова и развој ЕБОР (ECEPP.)

Според соопштеното, прибирањето на понудите ќе се врши до 3 мај, а постапката ќе се одвива во согласност со правилата и процедурите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со чија позајмица ЈСП Скопје ќе ги купи еколошките автобуси на гас.

ЈСП зеде кредит во износ од 10 милиони евра од ЕБОР. Договорот за кредитот беше потпишан во јануари. Покрај кердитот од 10 милиони евра ЈСП обезбеди и 1,8 милиони евра сопствени пари, а 1,1 милион евра се грант за техничка соработка во подготовката на проектот.

Се очекува набавката на автобусите да заврши до крајот на оваа година, но колку автобуси ќе се купат ќе зависи од понудата. Се очекува да се купат меѓу 35 и 50 автобуси.

Автобусите треба да бидат со CNG технологија на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на загадување.

Овие автобуси треба да ги исфрлат од употреба старите дотраени дизел автобуси на ЈСП, со ЕУРО 2 стандард, без клима и дополнителна опрема.

Според изјавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на потпишувањето на договорот за кредитот, две третини од новите автобуси треба да бидат нископодни зглобни – дводелни, а останатите ќе бидат единечни.

Треба да знаете
Последни објави