Search

ЈП Лајка: Да им подариме среќа на Оги и Белка

Овие прекрасни, мили кучиња заслужуваат некаде да имаат топло гнездо. Отворете го вашиот дом за нив, да им помогнеме да си растат безгрижно и среќно.

Белка и Оги се две кротки кученца од преживеаните пет кои пораснаа благодарение на сурогат мајка. Нивните сестрички Цеца, Мила и Вилма се веќе среќно вдомени.

Нив ги порасна бездомна кучка која по пријава беше заловена од нашиот тим, чии кученца починаа. Таа мајчински ги згрижи малите кутриња кои беа фрлени на нива во скопската населба Кисела Вода.

Доколку сакате да внесете радост во вашиот дом ЈП Лајка ве замолуваме да аплицирате за вдомување на Оги и Белка на следниов маил: vdomi@lajka.com.mk.

ЈП Лајка изразува огромна благодарност на ААПЗ (Асоцијација на активисти за правата на животните) со чија заедничка соработка успешно ги реализираме нашите замисли.

 

Треба да знаете
Последни објави