Search

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје  ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во општината Чаир

Во периодот од 16 до 19 јули 2019 година,  ЈП „Комунална хигиена”-Скопје  ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во општината Чаир.

За таа цел, на четири локации во оваа скопска општина, Претпријатието ќе постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од  електричната и електронската опрема.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, собраниот отпад од садовите ќе го транспортираат во вечерните часови. Законот за јавна чистота на РМ, забранува кабастиот отпад да се одлага на јавни површини, а неговото несовесно исфрлање резултира со создавање диви депонии и загадување на животната средина. ЈП „Комунална хигиена”-Скопје апелира до граѓаните на општината Чаир да ја искористат оваа можност за одлагање на својот кабаст отпад во специјалните садови и воедно ги информира дека по завршувањето на акцијата, овој тип на отпад ќе смеат да го одложат само во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Контејнерите наменети за одлагање на кабастиот отпад во општината Чаир, ќе бидат поставени на следните локации:

-Раскрсницата меѓу улиците Дижонска и Џон Кенеди;

-Раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ;

-Улицата Серава (во близина на Ефтинија Импекс);

– Улицата Ресенска (во близина на Ресторан ФаФа).

 –

Треба да знаете
Последни објави