Search

ЈП Водовод и канализација – Скопје не е само еко-херој, стана и СОС-суперхерој

ЈП Водовод и канализација –Скопје како општествено одговорна компанија во изминатиот период работеше на остварување и реализација на соработка со различни чинители во општеството, со една единствена цел, спроведување на добри практики и поткревање на јавната свест за општествено одговорно однесување.
Во оваа насока се реализираше потпишувањето на меморандуми за соработка со Пакомак и со СОС Детско село.
ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Пакомак започнува кампања за подигнување на јавната свест за заштита на природните водени ресурси, односно заштита на животната средина, воопшто. Преку еко пораките апицирани на сметките издадени од ЈП Водовод и канализација – Скопје, Ве повикуваме на совесно однесување и соодветно одлагање на отпадот, кој не треба да заврши во природата.
ЈП Водовод и канализација – Скопје не е само еко херој. Од неодамна станавме и СОС Суперхерој, подржувајќи ја заложбата на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само”. Уверени сме дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот и затоа Ве повикуваме и Вас да ги поддржите оние на кои помошта им е најпотребна. Донирајте за децата без родителска грижа и оние во социјален ризик, за кои СОС Детско село се грижи, на следниот линк https://sos.org.mk/sos-superheroi/ или со следење на упатствата кои ќе ги добиете со додатокот на мартовската сметка.
Исто така со следење на упатствата во додатокот на мартовската сметка Ве повикуваме да ја искористите можноста за да се регистрирате како електронски корисник на ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел доближување до сите услуги на претпријатието по електронски пат. Електронскиот канал за наплата „Брзо плаќање“ на www.vodovod-skopje.com.mk, освен за домаќинствата, отсега е достапен и за правните лица (стопанство).
Во овој момент апелираме да бидете херои и да се придржувате кон препораките издадени од Министерството за здравство, заштитете се Вие и Вашите блиски, бидејќи само заедно можеме да создадеме подобро општество за сите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави