Search

Јошко Миленкоски е нов селектор на Црна Гора

Поранешниот македонски селектор, Јошко Миленкоски доби нов предизвик во кариерата, па така од денеска ќе ја предводи црногорската одбојкарска репрезентација, а во исто време ќе остане и тренер на грчкиот тим Финикас Сирос.

Управниот одбор на одбојкарскиот сојуз на Црна Гора на денешната седница реши да го ангажира Миленкоски, кој во минатото беше тренер на повеќе екипи во Македонија и Турција, а работеше и во Тунис, како и во Црна Гора.

Миленкоски работеше во тимот на Будванска ривијера од 2007 до 2008 година и притоа го освои второто место во првенството и Купот на Црна Гора, како и третата позиција на Ф4-турнирот на ЦЕВ во Рим во 2008 година, додека со грчки Финикас го освои Суперкупот кај нашиот јужен сосед.

Новиот селектор на Црна Гора работеше и во Македонија, каде што освои 28 трофеи од кои 15 беа во првенството со Работнички, додека останатите 13 му се од Купот, каде што 12 пати славеше со Работнички, а еднаш со Борец.

Треба да знаете
Последни објави