Search

Јоца Амстердам: Зад убиството на Пуканиќ стои Мило Ѓукановиќ

Хрватски весник „Национал“ во новиот број пишува дека поседуваат снимка од телефонски разговор во која Сретен Јоциќ, наречен Јоца Амстердам, наводно зборува за улогата на Мило Ѓукановиќ во убиството на Иво Пуканиќ.

Јоца Амстердам, неосудениот организатор на атентатот на Пуканиќ првпат укажа на нарачател. Тоа е Мило Ѓукановиќ, пишува на насловната на новиот Национал.

Како што пишува „Национал“, на снимката Јоца Амстердам објаснува зошто претходно не го посочил Ѓукановиќ.

Станува збор за снимен разговор, што, како што пишува „Национал“, е воден во сосема друг контекст. Во него во еден момент Јоца Амстердам, кој се уште е во затвор, наводно констатира дека можел да биде слободен човек ако проговори за улогата на црногорскиот претседател во оваа приказна.

Јоциќ во 2012 година беше осуден на 13,5 години затвор бидејќи нарачал убиство на Горан Марјановиќ, а за кое платил двајца полицајци. Тој беше во притвор повеќе од три години како осомничен за убиството на Пуканиќ, а откако бее ослободен од обвинение ја тужеше Србија и бараше оштета од 60 милиони динари.

Пред неколку дена се навршија 12 години од смртта на едни од главните луѓе на „Национал“, Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ. Вечерта на 23 октомври 2008 година на паркингот во дворот на зградата на аголот на улиците Палмотиќева и Стара Влашка во Загреб експлодираше мотоцикл оставен покрај автомобилот.

Јоциќ негираше дека е виновен, а судот го ослободи од обвинение. Егзекуторите Жељко Миловановиќ, како и Миленко Кузмановиќ, кој му помагал беа осудени, па мистерија остана само нарачателот.

Треба да знаете
Последни објави