Search

Јоханис: Корупција е болест која ја уништува демократијата и држи милиони луѓе во заробеништво

Романија нема да може да напредува согласно нејзиниот вистински капацитет ако не се бори против корупцијата, изјави претседателот на државата Клаус Јоханис во пораката по повод денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата.

– Корупцијата е болест која ја уништува демократијата и држи милиони луѓе во заробеништво на сиромаштијата. Корупцијата значи недостиг на автопати, нехигиенски болници, училишта без услови, блокирана администрација. Романија нема да може да напредува со својат вистински капацитет додека не успееме да ја победиме ова катастрофа, истакна Јоханис во видео порака.

Романскиот претседател вели дека ги поддржува сите судии кои се борат против корупцијата во Романија.

– Поддржувам продолжување на борбата против корупцијата за една здрава Романија и застанувам до сите судии кои ја водат оваа битка со голема храброст секој ден. Чесноста и интегритетот треба да бидат вратени на сите нивоа во нашето општество. Едно решително „Не” на корупцијата треба се претвори од слоган во начин на живот, побара романскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави