Search

ЈОРМ не се меша во работата на судската власт, реакцијата на Рускоска е израз на моментално разочарување

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги следи реакциите по донесената одлука на Апелациониот суд Скопје за замена на мерката притвор со куќен притвор за обвинето лице во случајот „Рекет“.

-Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт. Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука  во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и  поднесено обвинение, очекува судска разрешница. Јавното обвинителство во извршувањето на функцијата ја заштитува законитоста и се залага за почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и во таа насока обвинителството ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и судски органи, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави