Search

Јорганџиската улица во Старата Скопска Чаршија стана „Европска Улица“

Од денес Јорганџиската улица во Старата Скопска Чаршија ќе биде позната под името “Европска Улица”. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу заедно со Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар симболично ја именуваа денес улицата Јорганџиска под името “Европска Улица”.

-На оваа улица пред неколку недели се докажа пред очите на Европа нашата вредност на добро пречекување и најдобро се искажа волјата да се биде дел од Европската Унија преку воодушевувачкиот гест на мајсторот на филиграни г-дин Селајдин Асани, кој на г-ѓа Могерини и подари скромен но многу значаен подарок. Во чест на неговиот хуман гест, заедничка желба беше да го овековечиме овој момент со новото име на улицата и со нејзиното декорирање со чадори на кои стои назнаката “ЕУ за Тебе”, изјави Ганиу.

Ганиу изрази благодарност до Амбасадата на Европската Унија во Македонија за почитувањето на овој хуман гест и за грижата кон Старата Скопска Чаршија преку постојана поддршка на проектите за зачувување на нејзината културна вредност. Тој истотака вети дека ова ново име нема да остане само симболично туку ќе покрене официјална постапка за нејзино формално именување под името “Европска Улица”.

Треба да знаете
Последни објави