Search

Јоноски ќе им биде тренер на Филип Лазаров и Ангелов во Ратинген

Македонскиот ракометар Ацо Јоновски доби двојна улога во тимот на Ратинген. Тој во иднина ќе биде играч-тренер во четвртолигашот по отказот за тренерот Калид Кан. 

Поранешниот македонски репрезентативец ја доби довербата од раководството на тимот, но само привремено додека не биде пронајден прв тренер. Тој ќе работи со тимот на тренинзите, но за време на натпреварите улогата на главен тренер ќе ја има кондицискиот тренер Марсел Милер.

За тимот на Ратинген играат уште двајца Македонци, а тоа се Филип Лазаров и голманот Петар Ангелов. Јоновски е дел од Ратинген од 2017 година, додека Лазаров и Ангелов пристигнаа изминатото лето.

Треба да знаете
Последни објави