Search

Јокиќ со трипл-дабл и кош за победа ја израдува публиката во Денвер

Само една вечер ни останува до почетокот на Ол Стар викендов, а натпреварите од регуларната сезона и понатаму се играат ширум терените на лигата. Синоќа на програмата беа 11 натпревари, од кои најинтересните дуели беа помеѓу тимови од Западната конференција.

Составот на Денвер Нагетс стигна до домашна победа, откако со резултат 120:118 го победи тимот на Сакраменто Кингс.

Лидерот на домашниот тим, Никола Јокиќ, забележа нов трипл-дабл учинок, овојпат со 20 поени, 18 скока и 11 асистенции. Покрај одличната игра на Србинот, во составот на Нагетс се покажаа уште неколку поединци. Пол Милсап вечерта ја заврши со дабл-дабл од 25 поени и 13 скока, додека Малик Бисли додаде 21 поен.

Младиот состав на Сакраменто Кингс „падна“ пред предизвикот и си отиде од Денвер со пораз. Новата аквизиција Харисон Барнс имаше дабл-дабл со 19 поени и 11 скока, а најдобар поединец кај гостите беше Бади Хилд со 25 поени.

Останати резултати:

Кливленд Кавалирс – Бруклин Нетс 139:148 (по три продолженија)

Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс 97:106

Бостон Селтикс – Детроит Пистонс 118:110

Њујорк Никс – Филаделфија Севентисиксерс 111:126

Торонто Репторс – Вашингтон Визардс 129:120

Чикаго Булс – Мемфис Гризлис 122:110

Минесота Тимбервулвс – Хјустон Рокетс 121:111

Далас Маверикс – Мајами Хит 101:112

Портланд Трејл Блејзерс – Голден Стејт Вориорс 129:107

Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 134:107

Треба да знаете
Последни објави