Search

Јокиќ во МВП форма,трипл-дабл на Дурент

Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто минатата сезона го доби признанието за МВП играч на сезоната во НБА лигата. Србинот во победата на неговиот Денвер нагетс од 102:96 над Сан Антонио спарс имаше учинок од 32 поени и 16 скокови.

Токму Јокиќ ги постигна поени клучните поени за триумфот на Денвер, центарот даде поени со флоутер за водство од недостижни 100:93. Денвер можеше и порано да ги реши дилемите околу победникот бидејќи водеше со 83:72 на стартот од последната четвртина, но Сан Антонио возврати со серија 0:10 и внесе резултатска неизвесност. Но, во финишот Денвер ја обезбеди победата со поените на Кампацо, Грин и на Јокиќ. Покрај Јокиќ, добра партија прикажа и Монте Морис со 13 поени, додека кај Сан Антонио најдобар беше Келдон Џонсон со 27 поени.

ЛА Лејкерс доживеа уште еден пораз на домашен терен, овој пат подобар од „езерцата“ беше вицешампионот Феникс санс кој славеше со 105:115. Крис Пол со 23 поени ги предводеше „сонцата“ во победата, Девин Букер даде 22 поени, додека кај Лејкерс се истакнаа Леброн Џејмс со 25 и Ентони Дејвис со 22 постигнати поени.

Торонто Репторс го уништи Бостон селтикс во неговиот ТД Гарден победувајќи со 115:83. Причина за убедливиот пораз на Бостон е очајната игра во второто полувреме во кое кошаркарите на домашниот тим дадоа само 36 поени. Скоти Барнс со 25 поени и Гери Трент со 20 поени беа најдобри кај Торонто, додека кај Бостон се истакна Џејсон Тејтум со 18 поени.

Најинтересно беше на натпреварот помеѓу Вашингтон и Индијана, кој го добија домашните со 135:134 дури по продолжението од пет минути, додека во дербито на Истокот, Бруклин нетс со одлична игра во последната четвртина и трипл-дабл учинокот на Кевин Дурент од 29 поени, 15 скокови и 12 асистенции ја совлада Филаделдија со 114:109.

РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Шарлот 112:123
Орландо – Њујорк 96:121
Вашингтон – Индијана 135:134 (прод.)
Бостон – Торонто 83:115
Филаделфија – Бруклин 109:114
Чикаго – Њу Орлеанс 128:112
Хјустон – Оклахома 124:91
Денвер – Сан Антонио 102:96
ЛА Лејкерс – Феникс 105:115
Сакраменто – Јута 101:110

Треба да знаете
Последни објави