Search

Јовиќ сака да се врати во Франкфурт

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ има намера да го напушти тимот, според „Марка”.

На српскиот фудбалер не му одговара односот на тренерот на тимот Зинедин Зидан. Тој е разочаран од ситуацијата на „Бернабеу”.

Затоа 22-годишниот Јовиќ сака да се врати во Ајнтрахт (Франкфурт), од каде што Реал го купи за 60 милиони евра летото 2019 година.

Минатата сезона Јовиќ одигра 25 натпревари во сите натпреварувања. Постигна 2 гола и направи 2 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави