Search

Јовески се сретна со Генералниот обвинител на Казахстан, Нурдаулетов

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска го прими во официјална посета Генералниот обвинител на Република Казахстан Гизат Дауренбекович Нурдаулетов.

На средбата тие разменија искуства и меѓусебно се запознаа со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји, а разговараа и за текот на реформите во правосудството.

Нурдаулетов, со декрет на Претседателот на Република Казахстан, беше назначен за Генерален јавен обвинител на оваа земја во март годинава.

Треба да знаете
Последни објави