Search

Јовески очекува да се донесе законот за јавно обвинителство

– Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески очекува да се донесе законот за јавно обвинителство, бидејќи како што вели, со него ќе се подобри работата на обивнителството и борбата со организираниот криминал.

-Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението на незаконски прислушувани материјали, оваа одредба од предложениот законот за јавно обивнителство се однесува на истрагите преземени од СЈО, но не и за другите предмети како на пример „Рекет”, вели Јовески за ТВ Телма.

Во врска со предметите „Талир 1″ и „Талир 2″ кои се поднесени по рокот на 1 јули 2017 година,  а се против ВМРО-ДПМНЕ и нејзини функционери, Јовески вели не сака сега да коментира за конкретни предмети пред да биде донесен законот.

Според државниот јавен обвинител, добар е и предлогот шефот на организиран криминал да се избира на непосредни избори од сите обвинителите, но за да се направат измени за избор на неговиот наследник односно за државниот обвинител Јовески вели мора да се интервенира во Уставот.

Тој, како што вели во изјава за Телма, не ги дели ставовите на експерите кои критикуваа дека местото на  доказите не им е во овој закон,  туку дека тоа се регулира со ЗКП. 

Треба да знаете
Последни објави